Силно невреме вчера попладне го зафати кумановскиот регион при што околу половина час паѓаше интензивен пороен дожд проследен со рафални грмтотевици.
Невремето и силниот дожд предизвикаа хаос низ централното градско подрачје кога се затнаа шахтите од атмосферската канализација и предизвикаа излевање на вода по улиците на градот.
Loading...
Како што не информираа од Регионалниот центар за управување со кризи, вчера попладне имало три пријави за поплавени дворни места во населбата Карпош, додека на булеварот „Октомвриска револуција“ сообраќајот бил во прекин поради затнатите шахти кои ја прелија улицата со вода. Интервенција на проблемот бележат надлежните од Јавното претпријатие „Водовод“ кои ги отвориле шахтите и поставиле соодветна патна сигнализација.
Излевања поради атмосферската канализација имало и на улицата „Доне Божинов“, а отежнат сообраќај имало и кај Спомен Костурница во близина на населбата Средорек.
До РЦУК вчера околу 16:15 часот било пријавено дека има поплавено дворно место поради запушување на шахти во населбата Карпош и тоа на улицата 17, додека пак на улицата 12 имало пријава за поплавената куќа со подрум каде екипите од ЈП Водовод ги санирале шактите и ја исцрпеле водата од подрумот.
Loading...
Силните електрични празнења оставија неколку населени места без електрична енергија и во текот на влерашниот, но и во текот на денешниот ден.
[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]