Вандализирани кошевите кај техничкото училиште „Наце Буѓони“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Несовесни вандали ги искршиле кошевите кои се поставени на мултифункционалното игралиште кај Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово.

И покрај напорите на локалната самоуправа да вложува во спортската инфраструктура, нивото на култура кај кумановци и натаму останува на незавидно ниво. Кому пречеле овие кошеви и која е причината поради која се искршени знае само сторителот на оваа дело.

Своја реакција за овој нецивилизиран настан имаше и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски кој вели дека е потребно е да го негуваме и одржуваме тоа што го имаме и градиме.

– Тој што го направи оваа вандалско дело во кругот на средно техничко училиште нека му служи на честа. Апелирам да покажеме општествена одговорност и да го сочуваме и одржуваме заедничкиот имот – вели Димитриевски.

 

Loading...

 

Ова не е прв пат да се вандализира спортско-рекреативна инфраструктура во градот, за жал некој се уште не сфаќа дека ако нему не му се потребни овие кошеви, за некого тие значат многу, значат за целиот град и развојот на спортот.