УЖИВАЈТЕ ВО СОНЦЕТО: Ни претстои нестабилност за викенд

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е сончево со мала до умерена облачност, а значително облачно е само во крајните западни делови. Дува слаб до умерен западен и југозападен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен западен и југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени.

Во Куманово и околината ќе имаме претжено сончево време со умерена облачност. Максималната дневна температура ќе изнесува 14 степени целзиусови.

Утре во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Во сабота во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значително повисоки дневни температури. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни  проследени со грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси. Врнежите со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а температурите ќе бидат во опаѓање.

Leave a Reply