Утринава нов земјотрес регистриран во скопско

Сподели со своите пријатели

Утринава во 8:10 часот бил регистриран земјотрес со интензитет од 2,9 степени според Рихтер, а станува збор за афтер шокови кои се последица од земјотресот кој на 11 септември го погоди Скопје во 15:10 часот.

Вчеравечер неколку минути пред 20 часот беше регистриран земјотрес со јачина од 4 степени според скалата на Рихтер.

Како последица на потресите има регистрирано над 300 оштетени објекти, а стотици граѓани побарале лекарска помош поради повредите со кои се здобиле додека панично ги напуштале своите домови.