Утре ветер од 90 километри на час, поголемо заладување од петок

Сподели со своите пријатели

Во текот на утрешниот ден повремено ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец, особено на повисоките места, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најсилен ветерот се очекува да биде во западните планински делови, каде на моменти ќе достигнува брзина од околу 90 км/час.

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува умерен, а на запад попладне засилен ветер од југозападен правец.Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени целзиусови.

Од петок се очекува позначително заладување со врнежи од снег.