Утре се отвора Два Плус Кафе!

Сподели со своите пријатели

Утре, среда, 12 декември, со работа ќе започне најновиот локал во Куманово, Два Плус. Лоциран веднаш до добро познатиот Версус, Два Плус на гостите ќе им понуди топла и пријатна атмосфера и голем избор на пијачки, почнувајќи од најдоброто кафе, па се до коктели кои ќе може да се пробаат единствено тука.

Loading...

По повод започнувањето со работа, за утре вечер организирана е голема забава, на која свој настап ќе имаат DJ G и Joe Bonga. Oстананите денови од викендот се резервирани за различна музика, па така во четврток свој настап ќе има Дарко Медарски со звуците на својата акустична гитара. За во сабота организирана е дневна забава со DJ Mende, која ќе започне во 13:00 часот а ќе трае се додека не замине последниот гост. Неделата е резервирана за електронска музика и за настапите на Dado K i Shalajko.

Паралелно со Два Плус, со забавите ќе продолжат и нивните први соседи, Версус. Кај нив, петокот е резервиран за Семафор Забава со DJ Marco, додека во саботата свои настапи ќе имаат DJ Smallz и DJ Alex.

Нашата редакција на Два Плус му посакува успешна работа, додека менаџментот на барот ги поканува сите оние расположени за нешто ново да ги посетат.