Утре се чествува Денот на македонската револуционерна борба

Сподели со своите пријатели

Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти октомври според Законот за државни празници е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Loading...

Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода.

Основоположниците биле: Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.

Бидејќи овој ден се смета за основање на ВМРО, македонската јавност идејата за овој ден да се прогласи за државен празник била прифатена со резерва. Македонската опозиција на чело со СДСМ беше најмногу против прославата, во која се смета дека партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ не може да се слави како државен празник, па дури и одбиваше да учествува во прославата и учеството во разни манифестации, спорстски натпревари.

Но, Законот сепак е изгласан и ни претстои уште еден продолжен викенд.