Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски од утре продолжува да остварува средби со граѓаните во рамките на отвореноста на локалната самоуправа за проблемите и сугестиите од страна на кумановци.
Во периодот од 10 до 14 часот граѓаните кои сакаат да се сретнат со Димитриевски тоа може да го сторат во главната зграда на Општина Куманово.
Од досега остварените средби, Димитриевски посочи дека 80% од граѓаните барале еднократна парична помош и вработување, што општината не може да го реализира.