Утре дезинсекција во Општина Ранковце

Сподели со своите пријатели

На ден 21.06.2017 година (среда), во вечерните часови од 23 часот до исполнување на задачите, односно до раните утрински часови во четврток, ќе се изврши првата фаза од терестичката дезинсекција на подрачјерто на Општина Ранковце, информираат од Центарот за јавно здравје Куманово.

Се молат граѓаните кои одгледуваат пчели да ги превземат потребните заштитни мерки, односно затворање на кутиите со доволно вода за пиење на пчелите и непуштање 3-4 часа по третирањето на даденото подрачје, стои во соопштението на ЦЈЗ Куманово.