Усвоени измени на Буџетот на општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Советниците на Советот на општина Куманово денеска ги изгласаа измените и дополнувањата на Буџетот на општината за 2017 година, како и кварталниот извештај, како и барањето за ревизија на работењето на општината во изминатите години.

Како што образложи раководителот на секторот за финансии Ирена Илиевска предвидено е намалување на средства на приходните и расходните ставки за вкупно 320 милиони денари

– На приходната страна се намалени ставки кои годинава нема да се резлизираат поради тоа што општината е блокирана, како и поради тоа што дел од приходите согласно програми на Владата на РМ не се резлизирани, информира Илиевска.

На денешната седница на Советот помина и точката за ревизија за материјално и финансиско работење на Општина Куманово во последните четири години предложена од советникот Зоран Петрушевски од Колацијата „За подобра Македонија“. Овој предлог беше поддржан и од советниците на власта на локално ниво, како и од градоначалникот, Максим Димитриевски, кој посочи дека е потребна ревизија за да се утврди со колку средства вистински располага општината, но дека треба да се опфати периодот од 2000 година до денес.

– Граѓаните имаат право да ја знаат вистината за Куманово, какви акти биле носени, какви задолжувања, бидејќи согледувајќи ја финансиската состојба во општината се гледа дека се долгогодишни кои резултираат со лоша финансиска состојба и во општината и во јавните претпријатија, рече Димитриевски, која најави дека наредната година ќе побара ревизија.

Раководителот на секторот за финансии, пак Илиевска посочи дека сите години се вршени ревизии и тематски ревизии за повеќе работи, меѓу нив за легализација на дивоизградени објекти, за нафта за училишта и други, кои според неа покажале дека се е работено по законот.

Извор: МИА

Loading...