Успешно заврши аеросолизацијата на Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Успешно заврши аеросолната метода која Општина Куманово во изминатиот период ја спроведуваше како мерка против загадување на воздухот во градот во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство и Факултетот за земјоделски науки и храна.

 

Loading...

 

Во кружната сала на поранешен Комитет денеска беа презентирани резултатите од спроведувањето на методата од страна на претставници на институциите кои ја спроведуваа.

Според градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски методата на одредени места го намалила аерозагадувањето за 30 до 70 отсто.

– Методата е евтина, се спроведува со вода без никакви засладувачи, дотатоци или дополнителна хемија што значи 100 отсто е еколошка и потребни се одреден број на возила, приклучна механизација, поддршка во собораќајот за да истата биде спроведена и Куманово дефинитивно ќе ја применува оваа метода, ќе пристапиме кон набавка на таков тип на опрема, ќе побараме и поддршка од државата за да набавиме соодветеин апарати и верувам дека следната година ќе успееме со оваа метода делумно да го намалиме загадувањето, изјави Димитриевски.

 

 

Според првиот човек на Куманово и годинава ќе продолжи озеленувањето на градот и ќе се засадат нови садници, а воедно ќе продолжи и проектот „Засади живот за живот“ кој за секое новороденче предвидува по една садница која родителите треба да ја засадат, а на тој начин да се засадат нови 1.200 садници. Како долгорочна мерка се предвидува гасификацијата.

– Генералната стратегија, а тоа е гасификацијата на нашата општина, а тоа значи дека ќе продолжиме со дистрибутивната мрежа на гас. Веќе донесовме одлука на советот, даваме по 150 евра субвенција на секое домаќинство да направи гасификација во својот дом, но притоа морам да напоменам дека имаме технички можности само таму во тие делови на градот каде имаме инсталираме претходно цевководна мрежа, додаде Димитриевски.

Loading...

Според професорот Живко Давчев од Земјоделскиот факултет, најдобри резултати имало на местата каде загадувањето било најголемо, а со самата апликација од 55 до 70 проценти било намалено.

– Методата ни даде добри и изненадувачки појдовни резултати  во тој дел и сме задоволни од она што го постигнавме, од соработката со институциите и тоа даде повод во наредниот период да се направи одреден акционен план долгорочно оваа метода да се применува, а покрај оваа метода да се применат и други методи. Постојат многу методи, основата е да се лоцира кои се загадувачите, не е само да се прочистува воздухот, загадувачи се јавуваат од повеќе извори, дали од патнички возила, од горење на несоодветен горив материја, што тенденцијат ана градоначалникот за воведување на плинот за греење ќе даде една доста важен сегмент во основата за намалување на загадувањето, посочи проф. Давчев.

Градоанчалникот Максим Димитриевски упати апел и до Министерството за здравство да изготви план Општата болница Куманово да се приклучи на гасификационата мрежа со оглед дека е еден од поголемите загадувачи.

– Повторно апелирам, ЈП „Куманово гас“ и Општина Куманово се комплетно подготвени да го поддржат проектот за гасификација ан нашата болница, од страна на менаџерскиот тим постои елба да се стори тоа. Доколку Министерството за здравство одреди и определи одредени средства за гасификација на тој објект треба да изготви проеткна документација да аплицира и во најкус можен рок би се впуштиле во реализација на тој проект. Куманово е подготвено на вакви потрошувачи да обезбеди гас, инаку точен е податокот дека кумановската болница со застарениот начин на затоплување е еден од најголемите загадувачи во нашата општина, но првенствено најголемите загадувачи сме токму ние граѓаните што согоруваме се што ќе стигнеме, несоодветно огревно дрво со одреден процент над дозволена влажност затоа што истото дрво при согорување создава штетни честички кои ни штетат на сите нас, додаде Димитреивски.

 

 

По завршување на презентацијата се одржа и кратка дискусија со претставниците од Министерството за животна средина и просторно планирање за мерките кои треба да се преземат понатаму, а воедно градоначалникот Димитриевски им додели благодарници на СВР Куманово, Територијалната противпожарна единица и останатите учесници во процесот на аеросолизација.

 

 

Loading...

 

 

Leave a Reply