Успешен семинар на претседатели, тренери и судии на Кик-бокс федерацијата на Македонија

Сподели со своите пријатели

Пред почетокот на државното првенство што се одржа викендов на спортскиот саем за кик бокс и мма дисциплини, се одржа и семинар на кој присуствуваа сите претседатели, тренери и судии од клубовите од државата каде се разговарало за успешната работа, но и за идните планови за развој на овие спортски дисциплини кај младите во државата.

Тренерот и претеседател на Кик-бокс и ММА клуб Куманово 2006, Сашо Илиевски оствари и средба со претседателот на федерацијата, Дејан Митровски Урко, а на која разговарале за можно одржување на следното државно првенство токму во Куманово.

Акцент се стави и за претстојното европско првенство што ќе се одржи во месец октомври за кадети и јуниори во Скопје со што да се прават напори да може клубовите со поддршка од федерацијата што повеќе да тренираат со младите натпреварувачи за да го подигнеме нивното ниво и да можеме на европското првенство да настапиме како репрезентација во што поголем број и да постигнеме што подобри резултати со што достојно ќе ја претставуваме државата во европски рамки – изјави Илиевски.

Инаку на првенството, свој настап имаа и неколку кумановски кик-боксери, од кои Давид Спасовски освои второ, а Лука Велковски петто место.

Давид Спасовски и Лука Велковски брилираа на кик-бокс и ММА првенството (фото)

Loading...