Уште само 3 дена до спектакуларниот настап на Николија

Сподели со своите пријатели

Уште само 3 дена не делат од спектакуларниот настап на моментално најголемата балканска звезда, Николија. Пеачка, фото модел и танчарка, ќерка на фолк звезда и сопруга на популарниот Реља Поповиќ, Николија е феномен кој ги преполнува дискотеките и никој не остава рамнодушен. Позната по своите хитови кои публиката секогаш ги пее на глас заедно со неа, Николија доаѓа како цреша на шлагот на овогодинешната сезона на Бар Версус.

Loading...

Настанот ќе се оддржи во сабота, 26 август, со почеток од 21:00 часот. И покрај тоа што се работи за настан на една мегазвезда, влезниците ќе се продаваат по симболична цена од само 200 денари. Со сите овие фактори, можеме да очекуваме фантастична вечер, која долго ќе се памети и зборува низ градот.

Останатите денови од викендот се резервирани за локалните диџеи. Во петокот свој настап ќе има DJ Sicky, додека неделата е резервирана за DJ Маxi.