Уште само 1 ден до настапот на Цеца

Сподели со своите пријатели

Нешто повеќе од 24 часа не делат од настапот на најголемата балканска звезда. Утре, со почеток во 20:00 часот, кумановската Спортска Сала ќе биде местото каде ќе се соберат илјадниците фанови на Цеца. Според информациите кои ги добивме од организаторите, утре не чека аудио-визуелен спектакл кој ќе трае неколку часа. Веќе се е спремно, бината и звукот се наместени, се чека само пристигањето на звездата. Бројот на продадени влезници е се поголем и поголем, па така, утре Цеца заедно со илјадниците грла пред себе ќе ги отпее своите најголеми хитови.

Loading...

Специјалната декорација на салата, големата сцена и професионалните озвучување и осветлување ќе допринесат настанот да биде уште подобар. Со оглед на тоа за каква звезда се работи, сигурни сме дека големиот број на фанови од цела Македонија како и од соседните земји нема да бидат разочарани. Наш совет е да  да бидете на местото на настанот на време, поради огромната посетеност која ја очекуваме.

Покрај обичните влезници, организаторите имаат спремено и пакети за оние посетители кои сакаат да имаат своја маса во ВИП делот, кои вклучуваат и пијачки. Доколку сакате да се одлучите за такво нешто, еве ги пакетите помеѓу кои можете да бирате: