Уште денес топло време, од утре дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 29 до 36 степени целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мали услови за врнежи и грмежи во попладневните часови. Ќе дува умерен ветер од север правец, а максималната дневна температура ќе достигне 31 степен целзиусовв.

До утре ќе се задржи стабилно, сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. В среда поплдне и кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи.

В четворток попладне се очекува да има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места во форма на невреме.

В петок предпладне сеуште се можни слаби и локални врнежи од дожд а прекуденот ќе настапи повторно стабилизирање на времетo.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

 

Loading...