Уште денес кочан ладно, па следува топење на снегот и нови врнежи

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта времето беше променливо облачно. Утринава е променливо облачно и студено, а само на југозапад е претежно ведро. Дува слаб умерен северен ветер кој во Гевгелиско повремено засилува.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот времето ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен северен ветер поинтензивен во Повардарието. Преку ноќта кон вторник ќе има повремен снег претежно на југот од земјата. Температурата денес во интервал од -10 до -2° С.

Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно време со слаби услови за провејување снег. Ќе дува умерен ветер од северен, односно северозападен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува -9 степени целзиусови. Услови за слаб снег ќе има и во текот на ноќта, кога според метеоролозите температурата во кумановско ќе се спушти и до -16 степени.

Уште утре ќе се задржи претежно променливо облачно и понатаму многу студено време со услови за повремено провејување на слаб снег почест од вечерните часови. Утре врнежите од снег ќе завршуваат, а ќе се почести во јужните делови од земјата.Се уште ќе дува северниот ветер, но ќе е послаб.

Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно време и ќе започне постепен пораст на температурата. Ќе настапи краткотрајно и не многу брзо топење на снегот. На крајот на работната недела краткотрајно ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови преодни врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд.