Урош Луковиќ потпиша за Партизан

Сподели со своите пријатели

Центарот на МЗТ Скопје и поранешен кошаркар на КК куманово денес официјалнос тана дел од кошарарскиот српски тим партизан од Белград.

Неговито потпис е ставен на договор кој ќе трае две години. Луковиќ го поврзуваа со овој клуб уште кога замина од Куманово, но тој тогаш замина во МЗТ Скопје по титулата, а откако доби злато си заминува од Македонија.

„Многу сум задоволен што потпишав за Партизан, ќе го дадам максимумот за што подобар резултат. Целото мое семејство е „црно-бело“ и навива за Партизан, и мојата сестра настапуваше своевремено за женскиот клуб. Македонија ми остана во најубави спомени, би се вратил, можеби еден ден повторно ќе заиграм таму. Сакам да им се заблагодарам на раководството и тренерот во МЗТ Скопје кои максимално ме испочитуваа“, изјави Луковиќ за Gol.mk.

Луковиќ во изминатите години носејќи го дресот на Куманово, Кожув и сезонава на МЗТ Скопје, важеше за еден од најдобрите странски кошаркари во нашето првенство.