Управниот суд ги заврши седниците по жалбите за вториот круг од изборите

Сподели со своите пријатели

Во Управниот суд одржани се сите седници по жалбите поднесени за вториот круг од локалните избори.

Од судот за МИА изјавија дека во тек е изготвувањето на одлуките кои како ќе бидат готови, така ќе се објавуваат на веб страницата. Веќе е објавена одлуката по тужбата од Народното движење на Македонија која се отфрла како неоснована.

До Управниот суд беа поднесени 16 тужби. Единаесет од нив беа поднесени од Алијанса на Албанците, четири од движењето „Беса“ и една од Народно движење за Македонија.

Претходно, Државната изборна комисија на седница ги отфрли сите приговори поднесени за вториот круг од локалните избори.

Извор: МИА

Loading...