Унгарскиот амбасадор во посета на Општина Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот амбасадор во Република Македонија, Ласло Дукс денеска оствари протоколарна посета на Општина Куманово, каде се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски.

На средбата се разговарало за можната соработка на Куманово со одредени општини од Република Унгарија, но и соработка на економски и спортски план со тамошните општини.

– Поразговаравме отворено за можната соработка на нашата општина на економски план со одредени компании кои што би можеле да бидат идни потенцијални инвеститори во Република Македонија и да бидат лоцирани токму во нашата општина. Исто така се водеа разговори и за продлабочување на соработката помеѓу Општина Куманово во делот на спортската дипломатија и учество на одредени спортски настани на нашите спортисти од Куманово во Унгарија и обратно. Општина Куманово е целосно подготвена за соработка со претставниците на Република Унгарија и граѓаните на Општина Куманово посакуваат соработка со оваа почитувана и респектирана држава која што доаѓа од Европската унија, рече градоначалникот Димитриевски.

 

Loading...

 

Како што рече амбасадорот Ласло Дукс, на средбата се воделе корисни разговори со градоначалникот при што имал можност да се запознае со спортските, културните и економските можности на општината.

– Куманово е град кој е географски најблиску до унгарската граница и инвестициите во инфраструктурата овозможуваат да бидеме што поблиски едни до други. Исто од нашата страна од Амбасадата на Унгарија во Република Македонија ќе правиме силни напори уште да ги подобруваме овие извонредни односи со Општина Куманово на економски, културен и спортски план, изјави амбасадорот Дукс.

 

 

Ова е втора протоколарна посета на амбасадорот Дукс во Општина Куманово, откако во мај годинава се сретна со поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски.