Уметник се врза со ланци за да испрати порака, па не можеше да се ослободи (видео)

Сподели со своите пријатели

Белгиецот Мајкс Поуп, кој се врзал со ланци за мермерен блок за да покаже дека уметниците се под своевиден терет на историјата, не успеал сам да се ослободи, па по 19-дневниот перформанс, му ги исекле ланците.

Поуп (34) се врзал себе си со ланците долги три метра чиј друг крај се наоѓал во средината на мермерниот блок, а перформансот го изведувал во судница во белгискиот крајбрежен град Остенде.

Loading...

За време на 438. часа се обидувал, отстранувајќи дел по дел од блокот, за да на крај дојде до ланците, но не успеал во тоа.

– Овој блок беше симбол на историјата, историјата на уметноста, од која се обидувам да се ослободам. Открив дека тоа не е можност. Та е терет кој секогаш ќе морам да го носам, рекол белгискиот уметник.

Под насловот „De profundis“, перформансот на Поуп бил дел од поширока изложба, а било овозможено и негово следење во живо преку интернет.