УЈП со нова црна листа на должници: Кој од Куманово должи најмногу?

Сподели со своите пријатели

Управата за јавни приходи на Република Македонија повторно објави нова листа со физички и правни лица кои имаат најголеми долгови кон државата, а на неа се наоѓаат и неколку имиња од Куманово.

Прв на врвот, односно на 16та позиција е Бајруш Сејдиу. Тој на УЈП должи неверојатни 112 милиони денари, односно 1,8 милиони евра.

Веднаш по Сејдиу на 17то место е Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“. Долгот на оваа комунално претпријатие е над 106 милиони денари или 1,7 милиони евра.

Нешто над 54 милиони денари должи и компанијата „Хуљуси комерц“. Сместева во село Черкезе, оваа кумановска фирма над 880 илјади евра.

Од физичките лица со најголем долг е Јосевски Звонко, кој на Управата за јавни приходи не и исплатил 46 милиони денари, односно над 752 илјади евра. Тука е и Ѓорѓиески Мартин кому Управата за јавни приходи му запишала долг од 20 милиони денари. Со значително помалку на листата е и Тодоровски Бобан кој треба да уплати на државна сметка над 100.000 евра, додека по над 50.000 евра долг е забележан кај лицата Дамјановски Благоја и Георгиев Драган.

Компанијата „Жито Фарм Горан“ ДООЕЛ Куманово не заостанува многу зад другите. УЈП на оваа фирма и пресметало долг висок 25,6 милиони денари.

„Искра Кен“ ДООЕЛ Куманово се наоѓа на 119-та позиција со долг висок нешто над 280 илјади евра. Долг од над 210 илјади евра има и „Алми Петрол“ ДООЕЛ Куманово. Градежната компанија „Иска Стил Констракшн“ должи над 12 милиони денари, додека милион помалку фирмата „Астроида 99 Параскева“.

Но, не должат само приватни фирми и физички лица. На листата е и подрачната единица на ЈП „Македонски Шуми“ – Шумско стопанство Куманово со над милион денари.

Листата на должниците на Управата за јавни приходи има над 4.500 физички и правни лица во осмиот по ред извештај кој оваа институција јавно го објавува.