УЈП „го згасна“ ноќниот живот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Инспекциските служби на Управата за јавни приходи „го згаснаа“ ноќниот живот во Куманово, откако изрекоа мерки забрана за работа на одредено време на двата најпосетувани ноќни клубови „Revolution“ и „Тунел“.

Пред извесно време инспекторите по констатирани неправилности во работењето ставија жолти траки на клубот „Тунел“, а истата судбина во понеделник го снајде и омиленото место за ноќен провод на кумановци, клубот „Revolution“.

Според засега неофицијални информации клубот бил затворен затоа што истекла лиценцата за работа по 1 часот по полноќ, која сопствениците поради правните лавиринти и моменталната тешка состојба во државата и институциите не успеале да ја обноват. Младите кумановци забавата во клубот ќе можат да ја продолжат дури за еден месец до кога и трае забраната за работа изречена од страна на УЈП.

Единствено место за забави од ваков тип кое останува да работи е клубот „Версус“.