УХРМ најавува драстичен пад на температурата

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде  ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец, а најсилен се очекува да биде во југозападните и јужните делови од земјава (на моменти со брзина и над 90 км/час). Дневната температура ќе достигне од 8 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролоки работи.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 10 степени. Во текот на ноќта ќе се задржи облачноста и ќе има услови за сосема слаб снег, кога и температурата ќе опадне околу нулата.

Во петок ќе биде суво, студено и ветровито, а ветерот ќе биде северозападен и особено изразен вдолж Повардарието. Дневната температура дополнително ќе се намали и ќе достигне од 6 до 13 степени.

Значително ќе опадне и утринската температура, особено за време на викендот кога ќе дојде до разведрување и намалување на брзината ветерот, па минималната температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата. Дневната температура од сабота ќе биде во пораст.