УХМР со вонредна прогноза: Во среда доаѓа влажен бран од Медитеранот

Сподели со своите пријатели

Како што информира УХМР, од среда /7 октомври/, Македонија ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови од Медитеранот.

Loading...

Времето ќе биде променливо, а на места значително облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и се очекува на повеќе места да наврнуваат над 20 л/м2 воден талог (дневно).

Дневните температури ќе бидат во опаѓање, така што ќе бидат во интервал од 14 до 22 степена.