УХМР со најава за силен ветер, дожд, грмотевици и заладување

Сподели со своите пријатели

Утре во текот на денот ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер (над 80 км/час) што ќе услови транспорт на песок и прашина од северн ите делови на Африка. Дневните температури ќе бидат значително повисоки, на повеќе места ќе достигнат над 20 сте пени. Утре кон крајот на денот и во недела ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Потоа во наредните дено ви ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со по времени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во недела и понеделник на места врнежите ќе бидат пообилни.

Од среда се очекува позначително заладување со умерен севе рен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од до дожд.

Leave a Reply