УХМР со најава за нови врнежи од дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Денес доцна попладне во западните и северозападните делови ќе има повремени врнежи, на планините од с нег, а на пониските места од дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќта понекаде во котлините е можна појава на замрзнат дожд. У тре претпладне во западните и северните делови од земјата се уште ќе има врнежи, кои на планините ќе бидат од снег и таму снежната покривка ќе се зголеми за нов и 10 до 20 см. На пониските места врнежите ќе бидат повремено од дожд.

Како што додаваат од УХМР во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник по д влијание на нов влажен бран ќе започне период на претежно облачно време со п овремени врнежи од снег со променлив интензитет. Од средината на неделата на пониските места особено на југоисток врн ежите ќе бидат од дожд. Во овој период дневните температури се очекува да бидат во интервал од -3 до 4 степени