УХМР со најава за невреме со дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од југозапад денес времето ќе биде променливо облачно и посвежо, попладне со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На места процесите ќе бидат изразени во форма на невреме, особено во јужните и источните делови на земјава, каде ќе има пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Од утре се очекува променливо облачно и свежо време. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието каде ќе достигнува брзина и над 50 км/час.

Од УХМР апелираат во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја и предупредуваат да се преземат соодветни активности за заштита од поплави.