УХМР: Снегот намалува, но ветерот создава проблеми

Сподели со своите пријатели

Последните информации со кои располага УХМР се дека дува северен ветер кој создава снежни навеви.

Интензитетот на врнежите од снег е следен: Од Полошко и од Тетово кон Скопје, снегот е сосема намален, од Скопје кон Куманово останува поинтензивен само близу Куманово, а по стариот пат со ветер остануваат поинтензивни врнежи.

Куманово кон Крива Паланка и кон преминот кон Бугарија снегот намалува, но има ветер, Штип – Куманово – Кратово – Крива Паланка, намалува. Во делот Велес – Штип – Кочани – Македонска Каменица паѓа снег кој е намален во интензитетот.

Во источните делови од земјата и тоа повеќе северно од штипско насекаде има врнежи од снег.
Во централните делови јужно од Велес слаб снег со ветер.

Во останатите делови снегот во овие моменти е повремен и слаб.

Во Кумановско има нсвеано околу дваесетина  сантиметри снег.