УХМР: Попладне подгответе се за нестабилност, а наредните денови за температури над 40 степени

Сподели со своите пријатели

Денеска во попладневните часови на повеќе места  ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат  поинтензивни, особено во планинските предели, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

И утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, особено во југоисточните делови.

И натаму продолжува периодот на многу топло време со натпросечни максимални температури. Уште потопло се очекува да биде од четврток, кога поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла и сува воздушна маса, времето ќе биде претежно сончево. Вдолж Повардарието и во Пелагонија температурата ќе достигне до 40 степени, а не е исклучено во петок и сабота на места  да го надмине и 40-тиот степен.

 

Loading...