УХМР: Подгответе се за високи летни температури

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи за денес најави променливо облачно време со сончеви периоди и повеќе облачност во западните делови.

Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец, додека попладне облачноста и брзината на ветерот ќе се намалуваат.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.

Според УХМР, во текот на неделата следува период на претежно стабилно, а од средината на неделата и многу топло време со понатамошен пораст на дневната температура.

Преку денот ќе има умерено наоблачување, а локална појава на краткотраен дожд е можна в четврток.