Учете хрватски јазик бесплатно во ООУ ”Браќа Миладиновци” во Куманово

Сподели со своите пријатели

Огранокот на Здружението на Хрватите во Република Македонија, и ова учебна година организира изучување на хрватскиот јазик за сите деца на возраст од 7 до 18 години (од 1 одделение до четврта година средно училиште), со часови кои ќе се одржуваат во ООУ ”Браќа Миладиновци” во Куманово.

Loading...

Наставата ќе ја изведува професор по хрватски јазик, Искра Ведран, со часови од отворен вид за сите заинтересирани посетители, а истата е бесплатна и отворена за сите ученици, без разлика дали учениците приѓаат и се членови на Здружението на Хрвати во Република Македонија.

Здружението стои на располагање на сите заинтересирани посетители, и нуди директен контакт со Иван Шеркиниќ, на бројот 077 505 363 или 071 337 657.