Учениците се збогуваа со распустот, денес започнува новата учебна година

Сподели со своите пријатели

Околи 270.000 основци и средношколциденес ќе седнат во училишните клупи и ќе го означат почетокот на новата учебна година.

За прв пат во училишните клупи ќе седнат и 21.213 дечиња во прво одделение, но бројката се очекува да биде поголема за уште 600 со оглед дека уписите ќе продолжат и во септември.

Оние училишта кои имаат оштетени учебници, во меѓувреме ќе добијат и нови, но ќе започне и реализацијата на Кембриџ програмата, за учениците од седмо, осмо и деветто одделение, откако претходните две години според истата учеа и учениците од прво до шесто одделение.

Денеска на пладне, градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски ќе го посети ООУ „Браќа Миладиновци“ каде на учениците ќе им посака успешен старт на новата учебна година.

 

Loading...