Ученици во посета на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Ученици од Основно училиште 11 Октомври од Куманово од осмо одделение како дел од проектот безбедни училишта, денеска беа „полицајци на еден ден„  Тие заедно со водителот на проектот, наставникот Емилија Станојковска го посетија Секторот за внатрешни работи во Куманово.

 

Loading...

 

Ги интересираше се, присуствуваа во службата за криминалистика, а од службите им беше презентирано како се работи на откривање и расветлување на кражби или други криминални дејствија.

 

 

Можеа да видат како се пријавува сообраќајна незгода, кражба или друго дело на телефонскиот број 192 но и потенцирано дека бројот не смее да се злоупотребува бидејќи со лажно пријавување следува казна.

 

Loading...

 

“Јас мислев дека полицијата само ги казнува луѓето но денеска видовме дека полицијата работи во служба на граѓаните и им помага”-  , вели Стефани Максимовска осмооделенец од  О.У. 11 Октомври .

Leave a Reply