Ученици од Турција во посета на Општина Куманово (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Дваесетина ученици од збратимениот град Маниса, Турција деновиве престојуваат во Куманово, а се во програмот за училишна размена со Техничкото училиште „Наце Буѓони“. 

 

Loading...

Како што рече градоначалникот Дамјановски ваквите програми даваат искуства на училиштата и голем допринос во образовниот процес.

Ќе има посета на различни објекти, спомен чешмата од Истанбул, спортските објекти кои ги правевме училиштетот но главната поена разговаравме и поздрав од директорот на економската зона која има една поамбициозна програма во однос на тоа нашата соработка на локано ниво да даде свој економски придонес во однос на имплементирање директорката советникот ни дадоа подддршка во тоа имаме многу интересни проекти и блиски до реализација мислам дека со стаблизирање на новата влада и политичките односи во општеството ќе имаме и конкретна реалузација тука не застануваме само на образование соработката со Маниса е на пошироко ниво пред се во економскиот сегмент бидејќи Турција е еден од поголемите инвеститори во Македонија очекуваме така да продолжи и во идниот период – изјави Дамјановски.

 

Директорот на средното училиште Мостем, Мехмед Јидкандер вели дека ваквата соработка треба да продолжи и во иднина, како на образовно така и на културно ниво со цел да се зајакне соработката помеѓу училиштата.

 

 

Училиштето „Наце Буѓони“ по втор пат се домаќини на своите гости од Туција, кои со оглед дека потекнуваат од доста развиен индустриски дел најавија и донација за кумановските ученици.

Драго ни е што денеска по втор пат сме домаќини на луѓето од нашето збратимено училиште од Маниса, Република Турција Мостем кое е огромно не само по број на ученици туку и по својот развој него го оставало и го подржува индустриската зона на Маниса која брои 220 фабрики има 50.000 вработени. Директорката на таа индустриска зона од пред две години стои и зад нашето училиште Наце Буѓони заедно со градоначалникот Дамјановски тие потпишаа една заедничка сорабтока поаѓајќи од образованието тука ќе вклучува размена на ученици, наставници, искуства културата , обичаите традицијата но морам да истакнам дека и во минатата посета на нашите ученици кога беа во Маниса имавме донација од Република Турција, лап топ компјутери, сега исто така најавија голема донација од нивното училиште но нема да застане тука, директорката на индустриска зона најави доградба на нашето училиште бидејќи знае дека се соочуваме со тесен простор за изведување на образовниот процес а имаме секоја година се повеќе ученици, затоа таа ја согледа таа наша потреба и веќе сме во преговори за доградба на училиштетот и опремување на кабинетите кои ќе се доградат – изјави Лидија Михајловска, директор на СОУ „Наце Буѓони“.

Loading...

 

Турските ученици и десетина повозрасни гости во Куманово ќе останат во сабота, а деновите ќе ги искористат што подобро да се запознаат со нашата традиција и култура.