Ученици од „Перо Наков“ во посета на Белорусија (галерија)

Сподели со своите пријатели

Делегација од тројца наставници и три ученички од СОУ „Перо Наков“ престојуваа во Минск, Република Белорусија на покана на тамошното Министерствто за образование, фондацијата Руски мир и меѓународнио педагошки клуб.

 

Loading...

14680722_864025483727888_2777588382098779195_n

 

Како што посочи директорката Лидија Тасевска, учениците имале можност да се запознаат со белорускиот образовен систем, а истовремено посетиле и неколку училишта со цел да се запознаат во какви усови се одвива наставниот процес во Минск.

Веќе неколку пати добиваме покани од овие институции меѓутоа објективните проекти не ни дозволија да заминеме за Белорусија и сега конечно таа покана ја искористивме што би се рекло, и морам да ви кажам дека имаме многу силни впечатоци од престојот кој беше преполн со активности. Се надевам дека соработката ќе продолжи затоа што остваривме конкретна средба со директорката на едно од средните училипта така што таа веќе ја доби поканата од моја страна, и најверојатно наскоро таа ќе го посети нашето училишта а идната година заедно со наставници од гимназијата ќе го посетат – изјави директорката Тасевска.

14681791_1510026259013529_5006985067659072168_n

 

Посетата е посветена на 125-годишнината од раѓањето на рускиот писател Михаил Булгаков и целиот престој таму бил посветен на овој автор.

Се работи за четири проекти кои се разлизираат во еден. Тоа е кристална бастилница, булгаковски час кој вклучува проект руски јазик основа на интеракција на талентирани млади луѓе кадирана сезона за музичари од европските земји и уште еден проект руски јазик во Европски контекст јас учествував на меѓународниот натпревар за одржување на булгаковски час. Натпреварот е малку необичен бидејќи не се натрепваруваат ученици, туку професори, овој натпревар на свечен начин на голема манифестација беше отворен на 10 ти октомври во културно уметничкиот центар дом на москава во кој претходеше изложба – изјави Биљана Коцевска, наставник по руски јазик.

14670622_1510026415680180_3775981718256935633_n

 

 Ученичките од „Перо Наков“ учествуваа во сниање на краток филм на кој работеа шест дена, поделени во осум групи со осум различни идеи, а во комбинација со ученици од 14 други држави во светот.

Во Белорусија бевме да снимаме филм за мир бевме поделени во осум екипи од 14 држави, секоја екипа имаше своја идеја за снимање филм и потоа од сите тие екипи сите филмови ги споивме во едно. Нашата екипа имаше идеја да ја развие совеста на младите луѓе да комуницираат без нивните мобилни телефони – изјави Сара Спасовска, ученичка од СОУ „Перо Наков“.

14718841_864024230394680_6936339339558528931_n

Loading...

Нашето исксутво првин беше тоа што се дружевме со деца од 14 држави, бевме поделени во осум екипи што допринесе да се запознаеме со нивната култура и традиција. Престојот во Белорусија беше организиран така што во вечерните часови ни приредија различни настани со кои ни ја претставија нивната култура и ни овозможија за време на престојот да го запознаеме и нивниот јазик – изјави Кристина Гавриловска, ученичка од СОУ „Перо Наков“.

14641916_1293830947335812_6909453395464685610_n

Бевме сместени во модерно одморалиште каде што организаторите Аљоша и Никита допринесоа нашето време да го поминеме на уште поинтересен начин да ги запознаеме нивните знаменитости. Во деновите во кои престојувавме во Минск имавме можност да го псоетиме замокот, црквите, нвиниот театар, да учествуваме и да гледаме дел од нивните претстави и псеоување други поголеми знаменитости значајни за градот Минск – изјави Сања Петрушевска, ученичка од СОУ „Перо Наков“.

14522916_1293831050669135_7860491552548104754_n

 

Ученичките се вратија со збогатено културно искуство, а наставниците со пофалби за своите ученички за начинот на кој тие го претставиле училиштето, градот, но и својата држава.

14690854_1293831200669120_4747759429799511646_n