„Uber“ купува 24.000 самоуправувачки автомобили

Сподели со своите пријатели

Пе месеци по кампањата за подобрување на односите со своите возачи, компанијата „Uber“ потпиша договор со шведскиот „Волво“ за набавка на десетици илјади автономни возила кои евентуално би можела да ги замени.

Договорот е една од најголемите комерцијални нарачки за самоуправувачки автомобили досега, а заснован на 300 милиони долари вредното партнерство помеѓу Убер и Волво, склопено во август минатата година.

Виена го добива првиот автобус без возач

Loading...

Според условите, Волво ќе продаде 24.000 автомобили на Убер по пример на популарните XC90, луксузните SUV, во период од 2019 до 2021 година.

Убер ќе ги модифицира XC90 со автономни технологии кои ги развила нивната дивизија за автономни возила, Advanced Technologies Group.