Уапсен гувернерот на централната банка на Летонија

Сподели со своите пријатели

Припадници на летонската антикорупциска агенција го уапсија гувернерот на централната Банка на Летонија, Илмар Римшевич, соопшти денеска Кабинетот на летонскиот премиер Марис Кулинскис.

– Бирото за превенција и борба против корупцијата го уапси гувернерот на Банката на Летонија, се наведува во соопштението.

Апсењето на Римшевич следува откако во петокот агенти на Бирото извршија претрес во неговиот дом и неговата канцеларија.

Причините за апсењето на Римшевич засега не се соопштение./МИА

Leave a Reply