ТВ Нова објави видео запис од поплавувањето на село Стајковци (видео)

Сподели со своите пријатели

Телевизија Нова на каналот Јутјуб објави ексклузивно видео на кое се гледа како дошло до поплавувањето на селото Стајковци, сместено во општина Гази Баба, северно од скопска обиколница.

Селото во саботните поплави претрпе сериозни штети и загуба на човечки животи.

Акцијата за расчистување на селото е во тек, и засега се уште нема точни податоци за бројката на загинати луѓе од оваа скопско село, со оглед дека од ден на ден, бројката на загинати лица се менува, а се пријавени и нови исчезнати лица.