Тужел за нива, наместо пари добил воз

Сподели со своите пријатели

Сампуран Синг од Панџаб продал парцела на индиските железници во 2012 година  за да компанијата изгради нова пруга. Меѓутоа, железниците не му исплатиле само 150.000 долари како што било наведено во договорот. Поради што фармерот ги поминал границите.

По, како што вели Синг, судската битка која покажува апсурдност на тамошното правосудство, пресудено е во негова корист. Меѓутоа, од железницата рекле дека немаат доволно пари за исплата, па така судот на крајот на фармерот во сопственост му доделил еден воз.

Мојот клиент е сиромашен селанин, а што доби? Воз кој не вреди ниту половина колку што вредеше парцелата – рекол неговиот адвокат.

Судот образложил дека на железницата и е дозволено да го користат возот уште неколку дена со предупредување, дека ако до крајот на овој период компанијата не собере доволно пари да плати на земјоделецот за она што му го должи, возот ќе биде ставен на аукција.

 

Loading...