Турнири во тенис, пинг понг и одбојка по повод „11 Октомври“

loading...

Сојузот на спортови на град Куманово со богата програма ќе го одбележи државниот празник „11 Октомври“, а во соработка со спортските клубови од градот.

Во среда со почеток од 09:00 часот ќе се одржи Тенискиот турнир на терените „23 Октомври“ кај Спортската сала Куманово.

Од 10 часот во спортската сала на Гимназијата „Гоце Делчев“ ќе се одржи турнир во пинг понг, а од 11 часот во салата на СОУ „Перо Наков“ ќе започне турнир во одбојка.


Последни наслови

Facebook Comments