Трудница се сликала со 20.000 пчели на стомакот, но љубовта кон нив не завршила среќно (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Кога Емили Мулер од Охајо останала трудна, решила, ни помалку, ни повеќе да се слика со 20.000 пчели врз себе. Бидејќи и самата одгледува и ги обожава, сакала својата бременост да ја овековечи со нив, па нејзините фотографии преку ноќ станаа вирални на социјалните мрежи.

Претходните бремености на Емили завршувале со спонтани абортуси, но овој пат делувало дека се е во ред, па фотографиите ги направила во поодмината бременост.

– Сакав да најдам начин да ги искажам своите чувства. И конечно тоа можев да го направа, кога ги вклучив своите пчели во таа идеја, рекла Емили.

Loading...

Таа седнала во близина на кошницата и ги намамила пчелите. Во бел фустан, со околу 20.000 плели врз себе, позирала среќна и задоволно.

За да не дојде до каснување при фотографирањето и за да ги намами, држела матица во својата рака.

Недолго потоа, шест дена пред породувањето, дошло до абортус.

– Бог го врати нашиот син на небото, таму да му биде пчелар, напишала тажната мајка.