Тројца нови космонаути одлетаа на Меѓународната вселенска станица (фото)

Сподели со своите пријатели

Во ракета лансирана од Казахстан кон Меѓународната вселенска станица одлетаа тројца нови членови, американски, јапонски и руски астронаути.

 

Loading...

 

Командатот Антон Шкаплеров од Роскосмос, инжинерот за летање Носишиге Канаи од Јапонската агенција за аерокосмичко истражување и Скот Тингл од НАСА, одлетаа од космодромот Бајконур во 13:21 по локално време, пренесува Ројтерс.

 

 

Екипажот постепено ќе пристапува кон станицата, која орбитира на околу 400 километри над Земјата.

 

Loading...

 

Шкаплеров, Канаи и Тiнгл ќе се придружат на тимот кој го сочинуваат Александар Мусиркин од Роскосмос и Марк Ванде Хеи и Џо Акаба од НАСА кои на станицата се наоѓаат од септември.