Тројца кумановци претепале сограѓанин во Проевце

Сподели со своите пријатели

На 18.02.2017 година во 17.00 часот во ПС Куманово, М.Б. (27) од Куманово пријавил дека истиот ден три лица извршиле насилство врз него, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Околу 12.30 истиот отишол кај негов другар, и откако си заминал, во близина на Ургентниот центар бил пресретнат од пријавените, кои насилно го внеле во такси возило и го однеле во село Проевце. Го однеле во блиската шума, физички го нападнале, по што побегнале. М.Б. настанот го пријавил телефонски во полиција, а потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Куманово, каде што му била укажана медицинска помош.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на настанот.