Тројца кумановци ќе одговараат за тепачка пред кафе бар на „Октомвриска револуција“

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. (46), Р.С. (44) и Н.С.(22), сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 21.08.2017 година околу 00,45 часот пред кафе бар на улица „Октомвриска Револуција“, по претходна вербална расправија пријавените, со тупаници и електро – шокови по телото и главата, физички го нападнале А.А.(41) од с.Љубодраг при што му нанеле повреди на лицето и главата.