Тројца кошаркари на КК Куманово на списокот за Евробаскет 2015

Сподели со своите пријатели

Александар Костоски, Димитар Караџовски и Марјан Јаневски се најдоа на поширокиот список на селекторот Александар Џикиќ за престојното Европско Првенство во кошарка, информираат од Управата на КК Куманово.

Loading...

Европското првенство во кошарка 2015 или Евробаскет 2015 ќе биде 39 издание на европскиот шампионат организиран од ФИБА Европа.

Македонската кошаркарска репрезентација на 25 јули ќе ги започне подготовките за претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во четири земји, па токму по тој повод денеска селекторот Александар Џикиќ го соопшти и поширокиот список на кошаркари кои верува дека заслужуваат настап на Евробаскетот.

Само за потсетување, Македонија во групната фаза која ќе се игра во Загреб ќе се соочи со домаќинот Хрватска, Холандија, Грција, Словенија и Грузија.

Список на играчи за ЕП: Владо Илиевски, Андреј Магдевски, Лестер Бо Мекејлеб, Александар Костоски, Димитар Караџовски, Димитар Мираковски, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов, Ивица Димчевски, Владимир Брчков, Бојан Трајковски,Стојан Ѓуроски, Ѓорѓи Чековски, Кирил Николовски, Перо Антиќ, Бојан Крстевски, Предраг Самарџиски, Ричард Хендрикс, Марјан Јанески, Љубомир Младеновски, Ненад Димитријевиќ, Андреј Маслинко