Трибина за поволностите на реонизацијата и регионализација денес во Куманово (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

На тема „Развој без прогрес – Македонија и регионите низ перспективата на Европската политика за рамонправен развој“ денеска во кружната сала на поранешен Комитет се одржа панел дискусија во организација на Европското движење во Република Македонија и Општина Куманово.

 

Loading...

На трибината се зборуваше во насока на реонизација и регионализација на општеството, а според градоначалникот Дамјановски тоа е доминантен процес во европа, но и актуелан тема во нашата држава.

Ќе ги отвориме сите теми и дилеми денеска ќе разговараме на таа тема што значи регионализација, кои се приоритетите, кои се позитивните страни, кои се стравувањата на граѓаните на Република Македонија, претпоставувам дека тука ќе упатиме и некоја порака, заклучоци и ќе дадеме силен допринос во раздрмување на таа табу тема која со децении наназад во Македонија владее, затоа јас со големо задоволство ја прифатив оваа понуда, да присуствувам денеска и да дадам свое видување и излагање по таа тема – изјави Дамјановски.

 

На панел дискусијата учествуваа и претставници од земји на европската унија, но и Војчеш Пошик претставник на полската амбасада кој долг период бил ангажиран во развојот на регионалната политика во Полска.

Полска важи за држава која што е пример и во стручната литература за држава која знаела да ги искористи регионалните фондови на Европската унија. Таму оваа политика е виталната политика заедно со сите фондови со кои располага европската политика, структурниот фонд на Европската унија, потоа Европскиот социјален фонд вклучувајќи го и овој кохезивен на кој во последно време се посветува многу големо внимание и што е сега во овој актуелен момент кога ЕУ се наоѓа во една криза, се вели дека иднината на Европа зависи од тоа колку ЕУ ќе направи на намалување на регионалните диспаритети во Европската унија и колку таа ќе ја развие оваа нова агенда – изјави Милева Ѓуровска, претседател на Европското движење во Република Македонија.

 

Дел од трибината беше и заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Арбр Адеми кој вели дека политичарите пред се имаат обврска да го подобрат животот на граѓаните без оглед во кој дел од државата тие живеат.

Во текот на панел дискусиите ќе се осврнеме на суштинската потреба од рамномерен регионален развој,е днакви услови, фер можности за развој, образование, транспорт, социјална заштита и тоа се тие елементи кои секојдневниот живот го чинат полесен, го привлекуваат младиот човек да остане во земјата и да ја гради својата иднина дома. Многу проетки се реализирани, многу планираме да ги реализираме, но суштината не е секогаш во бројот на реализирани проекти и во нивната парична вредност, туку колку тие проекти реално ги задоволуваат птребите на граѓаните за кои се наменети – изјави Адеми.

 

Loading...

Дел од панел дискусијата беа и претставници од делегацијата на Европската унија, но и Мухамед Халили од Министерството за надворешни работи на Република Македонија.