Трибина за „Интегрален план за развој на Општина Куманово во рамките на европските можности“

Сподели со своите пријатели

Во организација на Здружението за помош на малите и средни претпријатија „United Business Clubs (UBS)“ и European Small Business Alliance ESBA од Брисел, утре во 12 часот во кружната сала на поранешен комитет, ќе се одржи трибина на тема: „Интегрален план за развој на Општина Куманово во рамките на европските можности“.

Темата за интегрален план за развој се однесува на неколку сектори меѓу кои инфраструктурните политики и транспортот, социјалната политика, административно опслужување, образование, култура, спорт и земјоделство.

Поздравен говор на трибината ќе има и кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од СДСМ и колаицијата, Максим Димитриевски, а модератор на истата е доц. д-р Синиша Наумовски, извршен директор на АБИТ.