Три закони по скратена постапка на 21-та собраниска седница

Сподели со своите пријатели

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 21-та седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија во мировната операција „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Пратениците ќе ги разгледаат и Предлог законот за рестриктивни мерки во прво читање, предлог законите за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за заемно признавање и замена на возачки дозволи, и на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина за меѓусебно ослободување од визи за носителите на дипломатски и службени пасоши.

На дневниот ред на седницата се и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници во второ читање, како и предлог законите за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, за дополнување на Законот за стечај, за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, трите по скратена постапка.

Извор: МИА

Loading...