Три улици во Куманово без вода

Сподели со своите пријатели

Поради интервенции на водоводната мрежа во текот на денешниот ден без вода ќе останат три улици во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за улиците „Сава Ковачевиќ“, „Миле Стојмановски“ и „Борко Танев“.

Екипите на Јавното претпријатите „Водовод“ се на терен и набргу се очекува нормализирање на водоснабдувањето.