Три работи кои мажите не ги сакаат во кревет

Сподели со своите пријатели

Поголемиот дел од мажите ќе ви кажат како обожаваат се во врска со сексот. Само да го има, тоа е најважно. Меѓутоа, различните анкети покажале дека кога малку подобро ќе размислат, сепак постојат работи кои помалку им одговараат или не им се допаѓаат воопшто.

Некои од нив можеби ќе ве изненадат, но постојат добри аргументи зошто е тоа така.

Сепак, на мажите им е тешко таквите работи да ги кажат на своите партнерки, плашејќи се дека тие ќе се налутат и ќе ги одбијат во некоја следна прилика. Исто така, бидејќи не се пресудни работи за уживање, не сакаат да прават голем притисок околу тоа.

Кога нема спонтаност

Мажите ги возбудува кога жените се подготвени на спонтан и непланиран секс. Да, без претходно туширање, депилации и слични работи. Одбивањето на жените да се препуштат на моментот само затоа што претходно не излегле од под туш или имаат влакно повеќе, навистина знае да ги полуди. Кога ќе наиде спонтан момент, обидете се да му пристапите без грижа за ситниците, а ќе уживате обострано.

Кога жената не испушта никакви звуци

На мажите им треба охрабрување и потврда дека се прават како што треба. Водењето љубов е интеракција во која партнерите реагираат на сигналите на другиот. Никој не вели дека жената треба да вреска, тоа исто така може да им биде одбивно, но понекоја воздишка е сосема доволна за да му даде до знаење дека е добар љубовник.

Кога жената упорно одбива утрински секс

Утринскиот секс е најголемото доживување за сите мажи. За жал, многу жени не го сакаат, па на мажите им останува само желба.

Општо е познато дека мажите наутро имаат спонатана ерекција, па би биле пресреќни кога партнерката исто така би била расположена за игра и би им го направила утрото поубаво на двајцата. Меѓутоа, обично не е така, тоа не престанува да ги тишти, а често им е проблем да кажат за да не вршат притисок.

 

Loading...